Пушачите на канабис се изложени на 5 пати поголем ризик да станат алкохоличари, а редовните алкохоличари кои пушат трева, многу потешко ќе се откажат од штетната навика, утврди студија, цитирана од “Метро”.4bef7332c4e3a66ad23eaae95e9ab059

Истражувањето е извршено од два американски универзитети – Колумбискиот и Њујоршкиот, под водство на Рене Гудвин.

Специјалистите ги следеле медицинските податоци на 27 000 возрасни американски државјани, тестирани за употреба на алкохол и последиците од него.

Студијата обратила особено внимание на луѓето кои почнале да пушат канабис, без да имаат проблеми со алкохолот. Станало видливо дека луѓето кои пушеле канабис над три години, биле со пет пати поголем ризик да станат алкохоличари, во споредба со останатите.

Пациентите со алкохолни проблеми кои не пушеле канабис, биле со големи шанси да се ослободат од нив три години подоцна.

“Од добиените резултати дојдовме до заклучок дека употребата на канабис е поврзана со зголемена склоност кон алкохолизам. Пушењето марихуана ги продлабочува проблемите при алкохоличари и тие многу потешко можат да се откажат од алкохолот кај оваа комбинација “, вели Рене Гудвин.