Расте бројот на бегалците „заробени“ на Идомени- досега 6500 луѓе

од desk3
80 прегледи

Бројот на бегалците „заробени“ на грчко-македонската граница во Идомени достигна 6.500 лица, откако четири земји на балканската рута најавија дневно ограничување на влегувањата.

Поради построгите контроли, илјадници луѓе, вклучувајќи голем број деца останаа во Грција, а синоќа во Идомени на граничниот премин чекале 6.500 лица, јавија грчки медиуми.

2D96695000000578-3280882-Migrants_and_refugees_wait_to_cross_the_Croatia_Slovenia_border_-a-1_1445359175816

Собирањето на границата почна минатата недела, кога Македонија почна да го одбива влезот за Авганистанци и воведе построга контрола на документите за Сиријци и Ирачани.

Членките на ЕУ, Словенија и Хрватска, како и Србија и Македонија најавија дека ќе го ограничат бројот на мигрантите на 580 дневно, откако Австрија најави дека ќе дозволи само 80 мигранти дневно да бараат азил, како и дека ќе го ограничи бројот на луѓето, кои дневно минуваат низ земјата на 3.200.

609 бегалци заглавени во Табановце, 9 од нив завршиле во кумановската болница

Тоа предизвика остра размена на обвиненија меѓу Атина и Виена поради стравувањата на Грција дека ќе биде предизвикан домино ефект и илјадници бегалци ќе останат „заробени“ на нејзина територија.

Според грчкиот министер за миграции Јанис Музалас во Грција моментално се наоѓаат повеќе од 20 илјади бегалци и други мигранти. /МИА