Мангото е богатo со витамини. Само една шолја ароматични коцки со портокалова боја содржат 75% дневни дози за витамин Ц!

Познатиот антиоксиданс и борец за зачувување на видот, витаминот А, застапен е со околу 24% препорачана дневна доза.
Витаминот Б6, но и други витамини од Б комплексот, со кои обилуваат сочните плодови на овошјето кои доаѓаат од тропските краеви, го намалуваат ризикот од срцевите болести.
Спомнатите количества на манго ќе надоместат 10% од дневните потреби на телото за влакна, тука се и бакарот, магнезиумот и калиумот, минерали кои се корисни за човековиот метаболизам.
Изокварцетин, кварцетин, физетин и астрагалин само се некои од ензимите кои ги содржат овие портокалови – црвени или жолти плодови, благодарение на кој организмот посилно се бори со секојдневните предизвици кои доведуваат до развивање на болестите како што се рак на дебелото црево, дојка и простатата.
Поради сето тоа,стручњаците советуваат да се јаде што почесто свежиот манго. Сокот од мангото директно од соковникот, секако е одличен избор.