6 суперхрани против лошиот холестерол

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Високиот холестерол е опасен за организмот. Тој се таложи на ѕидовите на крвните садови и ја спречува нормалната проодност на крвта. Нарушената циркулација доведува до голем број кардиоваскуларни заболувања.87480e93c3fbce5c5c3a3d85dfc189b7

Високиот холестерол пречи и на нормалната масна размена.
За да го намалите холестеролот по природен пат , треба да се фокусирате на одредена храна.

Постојат суперхрани, коишто придонесуваат за квалитетното намалување на лошиот холестерол и ризиците што произлегуваат од него. Кои се тие?

Алкохол
Иако алкохолот не е баш суперхрана, во случајот тој спаѓа во оваа категорија. Една чаша алкохол на ден го намалува нивото на лошиот холестерол и со тоа го зголемува нивото на добриот. Чаша црвено вино по вечерата го намалува ризикот од срцев удар за неколку проценти. Злоупотребата на алкохолот, се разбира, има спротивен ефект.8e256504fa5d540f154a5597ddb6335a

Бадеми
Во обвивката на бадемовата јатка се содржат супстанции кои ја спречуваат оксидацијата на лошиот холестерол. Овој процес е исклучително штетен за ѕидовите на крвните садови. Тој го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести.559649bef8899fc1e28c52a8e97bdcf4

Авокадо
Во авокадото се содржат неверојатно многу мононезаситени масни киселини . Тие докажано го намалуваат нивото на лошиот холестерол и го зголемуваат нивото на добриот. Поради тоа авокадото треба да е постојано присутна храна на трпезата.4a159d19cf097410c85b8fd8f8b8184b

Јачмен
Луѓето во чија исхрана присуствува јачменот, имаат 2 пати пониски нивоа на лош холестерол. Можете да го замените белиот ориз со јачмен во јадењата. Тој се комбинира одлично и со овошје, ореви и салати.dfbb2e222f51a6f2852d8084d27bcadf

Грав
Гравот и воопшто бораниите се преполни со корисни влакна. Тие го намалуваат нивото на холестерол и ги олеснуваат метаболичките процеси и најмногу размената на маснотиите. Растителните протеини се супстанциите на кои треба да фокусирате,ако страдате од висок холестерол.a1d138f609e9650a4376075c0595f2a4

Овес
Овесните снегулки се другата суперхрана, исклучително богата со растителни влакна. Освен тоа, во его има големи количини на витамини од групата Б. Минералите и протеините во овесните снегулки ги прават една од најкорисните закуски со висока енергетска вредност, но со малку калории.b691d3bfd60c37ca3cf8318589c65819