На денешен ден

1100.- Англискиот крал Вилијам Втори, синот на Вилијам Први Освојувачот, е убиен со стрела додека ловел во шума.
1552.- На протестантите им е одобрена слободата на вероисповед во Германија.
1802.- Наполеон Бонапарта е прогласен за „доживотен конзул“ на Франција, што му даде право да назначи наследник.
1830.- Францускиот крал Шарл Десетти Бурбонски е принуден да абдицира под притисок на Јулската револуција.
1903.- Почна Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се водеа битки кај селото Смилево, Демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, Крушевско, кај Карабуница, Кичевско, кај селото Арменско, Леринско, во Рашанец и кај селото Чаништа, Мариовско.
1905.- Родена е Мирна Лој, американска филмска артистка. Умре на 15 декември 1993 година.
1921.- Во Неапол умре Енрико Карузо, италијански оперски пејач, тенор, еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња. Настапуваше во повеќе оперски сцени: во Милано, во Лондон и на други места. Автор е на книгите „Спомени“ и „Методи на пеење“. Роден е во Неапол, на 27 февруари 1873 година.
1940.- Во Прилеп по повод годишнината од Илинденското востание е организиран масовен излет во месноста „Шаторов камен“. По враќањето од излет беа изведени демонстрации во градот, со пароли против војната, за мир и за слобода.
1944.- Во манастирот „Свети Прохор Пчински“ кај Куманово, во присуство на 122 претставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ). На заседанието, во согласност со одлуките на АВНОЈ, е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа, АСНОМ е конституирано како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на македонскиот народ, а македонскиот јазик е воведен како службен јазик во Македонија.
1945.- Умре Пјетро Маскањи, италијански композитор и диригент. Роден е на 7 декември 1863 година.
1963.- Во Скопје умре Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, историограф, публицист и сценарист. Негови најпознати дела се „Изгрев“, „Епопејата на Ножот„“, „Последната средба“, „Арамиско гнездо“, „Пустина“ и други. Роден е во Дојран, на 7 октомври 1910 година.
1970.- Британските војници во Северна Ирска првпат употребија гумени куршуми за смирување на нередите.
1988.- Во Скопје умре Ѓорѓи Механџиски, македонски новинар и уредник во весникот „Нова Македонија“, поет и публицист. Еден е од основоположниците на културните манифестации „Гоцеви денови“ и „Песна за Гоце“. Роден е во селото Ѕвегор, Делчевско, на 24 април 1942 година.
1989.- Укинати се трговските ограничувања помеѓу Велика Британија и Аргентина, воведени по Фолкландската војна во 1982.
1991.- Во Скопје излезе првиот број на македонскиот дневен независен весник „Република“. Вториот број излезе на 8 септември 1991 година.
1997.- Водачот на најсилната либериска герилска фракција Чарлс Тејлор е прогласен за претседател на Либерија, со што по седумгодишната граѓанска војна заврши борбата за власт во таа западноафриканска земја.
1999.- Во судар на два воза во источна Индија загинаа најмалку 285 луѓе.
2000.- Во Скопје умре академик проф. д-р Александар Христов, еден од најистакнатите македонски научници од областа на правните и историските науки. Одбраните трудови „Создавање на македонската држава 1878-1978“ во 1985 година го издаде издавачката куќа „Мисла“ од Скопје. Роден е во Неготино, на 27 јули 1914 година.
2002.- Воените сили на герилското движење UNITA официјално се распуштени и 18 герилски генерали се интегрирани во Армијата на Ангола.
2007.– Две руски мини-подморници „Мир-1“ и „Мир-2“ во рамките на експедицијата „Арктик 2007“ се спуштени на дното на Северниот леден океан – на Северниот пол на длабочина поголема од четири километри каде е поставена руска тробојка од титаниум.
Извор МИА