Џоан Роулинг нема да пишува повеќе за Хари Потер

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Џоан Роулинг нема да пишува повеќе книги за Хари Потер.

4973417 Џоан Роулинг потврди дека повеќе нема да пишува книги за Хари Потер. Авторката, која стана мултимилиардер по објавувањето на серијата, призна дека книгата по претставата “Хари Потер и проколнатото дете” е последната приказна која таа  ја пишува за волшебникот. Книгата беше издадена на англиски јазик во неделата – 19 години по објавувањето на првата приказна “Хари Потер и Каменот на мудроста”. Говорејќи во “Лондон палас титр”, каде започнува подготовките за поставување на претставата, Роулинг посочи дека Хари “оди на голема авантура во овие две драми и потоа, мислам дека авантурите се  … Крај со Хари”. Премиерата на претставата во два дела “Хари Потер и проколнатото дете” беше  оваа сабота во Лондон. Потоа таа ќе има деби и на Бродвеј. Приказната раскажува за веќе пораснатиот Хари Потер, кој работи во

Министерството за магија, неговата сопруга Џин Визли и нивниот син Албус. Дејствието се одвива точно 19 години по последниот досега книга за маѓионичарот – “Хари Потер и даровите на смртта”.

4971851

Новата книга на Џоан Роулинг “Хари Потер и проколнатото дете” не е роман,  туку претстава во два дела за авантурите на Хари, Рон и Хермиона. Последниот роман за младиот волшебник “Хари Потер и даровите на смртта” излезе во 2007 година. Од книгите на Роулинг се продадени над 450 милиони примероци. Тие се преведени на 78 јазици. Филмовите на нив освоија приходи од над 7 милијарди долари.