Придобивките за здравјето од морската вода

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Едно од нашите омилени летувања е она на море. Капењето во морето не само што разладува, но и има голем број на бенефиции. Кои?61fb0a7a25fece62c177142e5f7a4584

Во морската вода се содржат повеќе од 80 витални елементи кои се наоѓаат и во човечкото тело, како минерални соли, микроелементи и аминокиселини. Но, таа е богата и со живи микроорганизми кои произведуваат антимикробни и антибактериски супстанции.

Човечкото тело има природна способност лесно да ги апсорбира сите овие елементи. Во реалноста, морската вода содржи речиси иста концентрација на минерали и микроелементи како човековата крвна плазма.
Ако ви претстои одмор на море, подајте се повеќе на забава во водата. За да ве убедиме во нејзините придобивки, ќе споделиме некои факти.

Според историските податоци, морската вода била користена како лек уште во 4 в. п. н.е., а исто така Хипократ прв почнува да го користи терминот “таласотерапија” (терапија со морска вода) и е прв кој применува сличен третман.

Солта која се содржи во морската вода има голем број на бенефиции за здравјето. Морската сол се употребува во многу видови масажи на телото, бидејќи помага за елиминирање на токсините, делува како природен пилинг, но и влегува и во составот на некои козметички производи.e8e8a5a27dbc42703ded4422abe854cd
Друга корист на пливањето во морска вода е дека таа ја има способноста да ѝ помага на кожата побрзо да се опорави кога е повредена. Водата може да дејствува позитивно и при случаи на атопичен дерматитис , розацеа, псоријаза и егзема.

Морската вода значително ја подобрува текстурата на кожата, ја зголемува нејзината еластичност и ги ублажува воспаленијата и кожните болести или моментални болки.

Раните утра крај морето се препорачуваат од специјалисти. Морскиот воздух и морските испарувања во утринските часови, се богати со јодни соединенија кои се моќни антиоксиданси и се исклучително корисни.

Кратката прошетка на плажа по изгрејсонце и вдишувањето на соединенијата може да го подобри имунолошкиот систем, функцијата на тироидната жлезда, а оттаму и целокупното здравје.fac240c039d98fed23ba0a06273c2804

Еден од најубавите и лесни начини да ја подобрите циркулацијата е со тоа што ќе пливате во морето. Високата концентрација на минерали помага за подобрување на движењето на крвта, истовремено помага да ги ресетирате минералите во организмот, кои биле исцрпени поради надворешни или внатрешни фактори.
Одморите на море се препорачуваат и на оние кои страдаат од бронхитис и синузитис.

Стресот може да биде причина за појавата на голем број физички и емоционални болести или моментални болки. За среќа морската вода може да ни помогне тие да се балансираат и да ја подобриме својата состојба.
Кога таа е во синергија со сончевите зраци, помага и за лекувањето на емоционални нарушувања како депресија, нервоза, вознемиреност, апатија и други.

Сето тоа се должи на некои од елементите содржани во морската вода, кои имаат способност да се стабилизираат и да го одржуваат во рамнотежа нивото на серотонин , мелатонин и триптамин во мозокот.
Од друга страна високата содржина на магнезиум во морската вода може ефикасно да помогне за доделување на мускулите и нервите и да дејствува поволно кај луѓе кои имаат нарушувања на спиењето.