Кој ќе биде уредникот на МТВ, и кои се имињата за ад хок телото?

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Деновивее главното прашање  во медиумската фела е кој ќе биде „јунакот“ што ќе прифати да биде главен уредник на МТВ и кои се имињата за кандидатите ад хок телото ? Тоа се отоворените позиции согласно последниот „пржински договор“ колку за  затворање на устата на „врескачите“ на потребата  од медиумски реформи, и поконкретно колку за начнување и на тој, медиумскиот сегмет, се во име на  создавање на амбиент за фер  и кредибилни избори за излез од политчката криза на Македонија медиуми

 

Амбиентот покажува дека  медиумската заедница  и натаму се  противи на ваквиот договор на четирите политички партии и на олеснувачоте од САД и ЕУ да решат партиите,  или повтороно политичарите да решаваат како и колку ќе бидат спроведени реформите во медиумите. Партиите одамна ја донесоа одлуката и распишаа конкурс, и се во потрага по имиња. Медиумските фронтмени  од организациите и здуженијата покажуваат отпор и кон власта, сега и кон опозцијата , за ваквите договори. Се противат , затоа што никој не ги прашува,  а тие  сепак понудија  решение со приоритети  и за медиумите преку „блупринт документот“, но власта го одби,  а оленувачите и меѓународните гарантори , испаѓа дека баш и не се дразнат толку на итност за угушените медиумските слободи и  реформи   . Нивниот фокус е само Избирачкиот список  СЈО и приремната влада.

Како да не знаат дека власта на овие простори се добива и се одржува или  се владее само,  и исклучиво преку  медиуми.

Опозиционата СДСМ деновиве ќе одлучи за имињата на кандидатите за ад хок телото и за името на главниот уредник. Првин ќе се решава за ад хок телото,  а потоа за  неколку дена и  за главниот уредник за МТВ. Тие по објавувањето на конкурсот за самопријавување или предлози од  некој друг поединец или организација, сега ги сумираат резултатите. Вчера почнаа и консултативни средби и со граѓански и организациите на медиумската заедница за да разменат мислења кој е максимумот кој во овој момент може да се извлече.

На разговорот од СДСМ е  посочено дека ова се само времени решенија, дека ова воопшто не се рефроми , туку некаков максимум кој го извлекле  колку за почеток  на менување на работите во медиумскиот сектор. Тие посочиле дека главните реформи кои ги ветуваат ќе се спроведуваат по изборите и тоа стои во договорот , 6  месеци по нив, согласно препораките  од  извештајот од Прибе, препораките на медијаторот Питер Ван Хојте, законот кој се достави до Парламентот и насоките на  медиумската заедница .

Од СДСМ им била понудена  и вклученост ма медиумската зедница,  и во оваа фаза, но било нагласено дека ова се сепак само времени решенија колку за спроведување  на фер избори. Претсавниците ма медоисмите организации( СЕММ;ССНМ; МИМ) на неформалниот разговор посочиле дека , остануваат на позициите на „блупринт насоките“ и принципелно се залагаат за коренити реформи според европските стандарди.

Имиња за сега не се обелоденуваат. Има 38 пријави, доволен број за избор , посочиле   од партијата, и велат добро е што има пријави и од универзитетската, експертската јавност, новинари и професионалци, и тоа за нас е велат, доволно за да ја покажеме различноста, дека бараме квалитетни и авторитативни луѓе,  а не членови  или СДСМ кадри.  Ги охрабруваме сите кои сакаат да работат според професионалните стандарди, сакаме тоа да се покаже со работа, а тоа што е на ваков начин е само сегашен одиум за излез од политичката криза , кој се дефинира во Пржоно , со потпис на четирите партии  и гаранторите на САД и ЕУ.  Тое а концептот   и реал политиката никој сам не одлучува , а во преговорите се прават компромиси  за да се дојде до излез од кризата, и  тоа е главаната цел велат од СДСМ. Во преговорите се преговара за да се извлече максимум не секој да добие тоа што го  сака почуваат од партијата.

И покрај инртересот на јавноста, став на партијата е да не се објавуваат имињата на сите тие со кои се разговара , преговара и кои се кандидатите , туку ќе бидат соопштени само избраните кога ќе биде донесена одлуката, заедно  по сите консултации со граѓанскиот сектор, медиумската заедница , поединци експерти и професионалци.

Засега можеме само даја  кажеме целта,  а тоа  е избалансирано и професионално известување за време на изборите, еднаков простор за сите ,и работа не по желба на партитие туку според новинарските стандарди .

Секој обид   тоа да се блокира   и напаѓа од власта и нивните веќе етаблирани  органи во инстуциите ,  ќе значи кршење на договорот. Власта ќе мора  да споведе се како што е договорено, велат од СДСМ , а кој ќе го спроведува и контролира – веројатно  сите  заедно и граѓаните кои  сакаат и мора  да бидат информирани, новинарите и уредниците кои  сакаат да си ја заштитат и работат  по стандарди професијата,  се тоа  колку за почеток на рефомите, амбиент за изборите,  а потоа и за конечно прочистување на загадениот медиумски простор  и воопшто демократија, посочуваат од СДСМ.