Вежба со тениско топче ќе ве спаси од болките во грбот

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Болките во грбот се многу познат проблем. Тој може да биде предизвикан од носење на тешки торби, од кревање на тешко, од изобличување и најмногу од долгото седење и работа на биро.JMiller_Low Back Loosener

Мускулите во горниот дел на ‘рбетот се вкочануваат и предизвикуваат уште посилни болки . Ако ништо не ви помага во оваа тешка битка, има лесен начин да ја ублажите таа ужасна слабост.

Потребна ви е само една топка за тенис!

Звучи неверојатно, но топката за тенис може да ви помогне да се справите со болките во грбот и тоа само за неколку минути.
Единствено што треба да правите секој ден е по минимум 5 минути да ја  тркалате топката тенис на ѕидот.
Како да ја правите оваа вежба?lf-stealth-upper-back-massa
Многу е лесно. Вежбањето се прави во исправена положба. Го допирате грбот до ѕидот со тоа што ќе ја залепите топката тенис помеѓу ѕидот и грбот. Потоа почнувате да тркалате нагоре-надолу и лево-десно.

Правете го тоа во текот на најмалку 5-6 минути внимавајќи топката да не паѓа од ѕидот и грбот. Вежбањето се прави апсолутно секој ден после работа. Ефектот нема да биде одложен.

Дури и да не работите на биро, најверојатно сте добиле искривување на ‘рбетот за време на возење или зборување по телефон.

Затоа не треба да се трошите пари за масажи и да купувате какви ли не скапи лекови. Едно мало тениско топче ќе ви помогне да ги олесните страдањата.Here-Is-How-to-Use-Tennis-Ball-to-Relieve-Your-Sciatic-Nerve-Pain-and-Back-Pain
Вежбањето може да се прави и легнат на земјата. Некои луѓе ја користат топката за масажа на стапалата на сличен начин. Други ги тријат колковите со помош на тениската топка повторно легнати, само со лицето кон земјата.

Вежбањето е слично со тоа што разликата е дека имитираат побрзо лазење отколку тркалање, како што е во случајот со вежбата за ѕид и грб.