Ајфеловата кула во Париз беше евакуирана поради грешка на службеник, кој го прифатил тренингот за безбедност како вистински инцидент, соопштија од полицијата.

“Тоа беше тренинг за безбедност, нешто што се прави десетици пати неделно. Еден вработен помислил дека тоа е реална закана и Ајфеловата кула беше евакуирана”, рече полицискиот службеник. Не е јасно колку луѓе мораше да ја напушти париската знаменитост. За инцидентот на кулата не било дозоволенои да се коментира / АФП