Невреме во тетовско е можно и за денеска

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Во невремето ја зафати и западна Македонија, посебно полошкиот регион. Отсечени беа три тетовски села, Бродец, Вешала и Бозовце, откако патот Шипковица-Бродец беше однесен во должина од 300 метри.

tetovo_31

 Се уште се расчистува патниот правец Шипковица – Бродец – Вешала, откако вчера попладне во невремето беше затрупан со наноси од земја, камења и дрвја. Се работи за свлечиште кое го блокираше патот во должина од 300 метри а десетина метри од овој коловоз е целосно оштетен.

СКОПЈЕ: ЦЕЛА НОЌ ГРАЃАНИ, ВОЈСКАТА И СЛУЖБИТЕ НА ОПШТИНИТЕ РАСЧИСТУВААТ И ПОМАГААТ ЗА ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА ЗАГРОЗЕНИТЕ

Од силните врнежи, ерозија на земја го блокираше и патот на влезот од Шипковица, кој за неколку часа беше расчистен.

Од свлечиштата оштетени се и неколку улици во повеќе села на Шар Планина. Повредени нема. Не е предизвикана ниту материјална штета на домовите.

Жителите од Шипковица раскажуваат дека се се случило за еден миг. Да продолжеа врнежите цело село ќе беше затрупано. Штети нема големи, но стравот е присутен, велат мештаните.PST-SIPKOVICA-BRODEC

Од Кризниот штаб, информираат дека опасноста од поголема катастрофа е голема, ако продолжат врнежите од дожд, кои можат да предизвикаат нови свлечишта и да ги струполат камењата и карпите, кои се надвиснати над патниот правец Шипковица – Бродец.

Од Општина Тетово, тврдат дека состојбата на критичните места е под контрола, но апелираат жителите да бидат претпазливи

– Апелираме до жителите на оваа област, додека трае чистењето,  да не го користат овој пат, а за сообраќај да ги користат алтернативните патни правци. граѓаните во случај на вонредна состојба или опасност врз нивниот живот или имот, да се јават на ургентната телефонска линија. 

Поради големите врнежи од дожд, зголемено е нивото на реката во Голема Речица. Од општина Тетово, велат дека ситуацијата се прати и веќе е започнато со чистење и проширување на речното корито.

Според предвидувањата на Центарот на хидро-метеоролошки прогнози, и во наредните денови, се очекуваат значителни врнежи од дожд,

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА НА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ,ДОЖД, ГРМЕЖИ, ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ..

Минатата година на 3 август тетовскиот регион го зафати невреме. Најпогодени села беа Шипковица и Голема и Мала Речица, каде загинаа 6 лица а стотици домови беа уништени. И по една година, властите немаат преземено никакви мерки кои би спречиле нови поплави и ерозивни процеси како денешниве.

Слични содржини