Што треба да се каже за последниве поплави… ТРАГЕДИЈА… материјалното ќе се врати…се зацрнеа семејства… а политичариве наши “како ноеви со главата во дупка” никој не се чувствува одговорен… на Господ се повикуваа… СРАМОТА… Луѓе, дождот ви ги извади корупцијата, непотизмот и партиските вработувања пред очи… ама кој може ќе види ( зависи Господ на кој колку му дал)…

Зошто корупција !?
Затоа што мои почитувани читатели, некој не исчистил канали, некој не ставил кавалитетен асфалт… квалитетни одводни цевки… и сега што би рекол Цацко “дека се марките”…
Ако има саглам обвинителство сега треба да истражи зошто засегнатите општини не ги исчистиле каналите, или ги чистеле ама на хартија, а парите звршиле на нечии сметки… истото важи и за изведувачите и контролорите при изградбата на патиштата… истото важи и за оние што поставувале канализациски цевки што можеби се срушиле или уништиле од притисок…
Алооо… има мртвиии !!! (ова и за читачите во партиските штабови)
Зошто непотизам и партиски вработувања !?
Тука ќе се задржам на две прашања- УХМР и градежни инспектори…

Тие во УХМР што работат… кафиња пијат или треба да ги следат временските состојби… таму има дежурни метеоролози… и сега сите ќе се прават “на мутави-ама Господ”… а на радар и на сателит што гледале – жаби како се парат во езерцето во парк !? Нели треба да алармираат…
Само да го додадам и следново прашање… а случајно правници или политолози да не работат во УХМР како синоптичари !? Ако не билие доволно стручни метеоролозите кој ги примил на работа, или ако евентуално биле правници, политолози или филозофи кој , исто така ги примил на работа… !?
Еве луѓе… видете што прави нестручноста и партиските вработувања… еве ги на дело…
А сега со градежните инспектори… кој се работи како градежен испепектор е првата работа, а втората е зошто дозволувале да се прават куќи насекаде каде што треба да минуваат водите… !?
Ќе речат ама Груевски донесе Закон за легализација не можеме ништо,а досега кој толерираше дивоградби !?… Еве сега знаете што значи против-уставна легализација само заради гласови… мртвите и штетите се кажуваат…
Зошто урбана мафија !?

Е урбаната мафија е врвот на криминално-градежната пирамида… да не се правиме сите “на удрени”… лобистите на урбаната мафија (и директно власта) издејствуваа преку законски измени советите на општините да ги носат ДУП-овите и ГУП-овите, а не како порано стручни архитекти… и сега како им чини партиски така се си “насадуваат”… од споменици до мостови и кули…
Запомнете и некој со основно образование легално може да стане пратеник или општински советник!?
Нели СДСМ и БЦ се криви за се.. а нели поплави имаше и лани во тетовско , една зима низ Пелагонија или во 1962 год. во Скопје… или во 74 исто така во Скопје…
И сега некој што не знае да множи, а зема државна плата, нека ги пресметува штетите и МРТВИТЕ… нели 0+0= 00…
Филип Ѓурчиновски