Јевросимовиќ “бега” од медиумскиот бизнис во Македонија

од desk3
158 прегледи

Две српски фирми на бизнисменот Веселин Јевросимовиќ кои учествуваат во сопствеништвото на телевизијата „Алфа“ и на порталот „Телеграф“, излегуваат од бизнисот-пишува Призма.

Veselin-Jevrosimovic-2_U02JEpp

Преку фирмата „ЦХС Инвест груп“ во сопствеништвото на ТВ Алфа влегува Иво Јанкоски од продуцентската куќа „Трето уво“, а преку „Интернет инвестмент груп“ во сопствеништвото на „Телеграф“ влегува Јана Станисављева.

На ова, пред извесно време им претходеа промените на управителите во истите компании.

Македонските медиуми и покрај законските измени, не се исклучок од правилото за нетранспарентна сопственичка структура, која најчесто преку цела мрежа компании го крие одговорот на прашањето „кој е вистинскиот газда“.

Дури и тогаш кога во јавноста, па и кај самите вработени нема дилеми кој стои зад медиумот, формално сопственоста треба да се следи низ цел лавиринт меѓусебно поврзани компании, често со слични имиња, исти адреси, но официјално различни правни субјекти.

Бизнисот на ЦХС во рацете на Иво Јанкоски

Со промените објавени на страницата на Централен регистар, „ЦХС Инвест груп“ премина во сопственост на Иво Јанкоски, во јавноста познат како првиот човек на продуцентската куќа „Трето уво“.

Сопственик на ТВ АЛФА е фирмата „Алфа Скоп“ во која учествуваат неколку компании, но доминантен сопственик е „ЦХС Инвест груп“, со основачки влог (паричен и непаричен) од повеќе од 2,4 милиони евра.Со промените објавени на страницата на Централен регистар, „ЦХС Инвест груп“ премина во сопственост на Иво Јанкоски, во јавноста познат како првиот човек на продуцентската куќа „Трето уво“. Тој истовремено е наведен и како директор на компанијата „ЦХС Инвест груп“.

И покрај обидите за контакт со Јанкоски, не успеавме да добиеме одговор за која сума и од кои причини тој ја купил фирмата која во 2013 година беше 46 на листата на најуспешни бизниси во Македонија.

Пред да ја купи Јанкоски, „ЦХС Инвест груп“ беше во сопственост на фирмата „ЦНС Медиа технолоџи“ од Белград, која се поврзува со српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ.

Според податоците од српскиот Централен регистар, „ЦНС Медиа технолоџи“ е српска компанија, со скратено име „Комтрејд“, првично регистрирана на Холандските Антили. Мнозински сопственик и претседател на Управниот одбор на „Комтрејд“ е српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ, и во Србија и во Македонија познат по акциите финансирани од двете влади – „Компјутер за секое дете“.

Повеќе ТУКА