Рафаел Надал сеуште не е опоравен целосно од повредата во зглоб, но Олимпијадата е премногу важна за него и го тера да ги игнорира болките.
Шпанецот тоа го изјави тоа по победата над Федерико Делбонис со 6-2, 6-1. “Треба повеќе време за да се опоравам на 100%. Ако не беше Олимпијадата, немаше да учествувам во чекори. Никако не ми беше лесно да го пропуштам Игрите во Лондон – тоа е една од најважните одлуки во мојата кариера. Бев близу до тоа да не играм и сега во Рио, сепак чувството што го имав носејќи го знамето на Шпанија, ќе остане со мене засекогаш. беше незаборавно “, рече Надал.