Нема како да влезете во Instagram и да не бидете бомбардирани од слики на детоксикациски чаеви, такви за слабеење и фитнес пијалаци. Но, лекарите креваат глас против опасната мода.
Д-р Лорета Ајонер е автор на петиција, која инсистира да се отстранат од употреба овие чаеви. Според неа модата на овие пијалоци е премногу опасна и подведува стотици девојки кои се очајни во обидот да ослабат.
Производителите на детоксикациските чаеви тврдат дека производот го чисти телото од токсините и помага во борбата со килограмите поради сена – билен лаксативи.
Сепак д-р Ајонер смета дека чаеви не помагаат во детоксикацијата и слабеењето, туку водат до дехидратација, дијареа, проблеми со црниот дроб и срцето. Сето ова се случува, ако чајот се пие повеќе од 2 недели.
Некои од чаевите препорачуваат прием од 14 дена, други – 20 и повеќе.
Многу научници веќе се обединија околу тврдењето дека нема докази ниту за детоксикацијата, ниту за помагање на слабеењето при прием на овие производи.