Властите во Кан забранија носење буркини на плажите

од Vladimir Zorba
101 прегледи

 

Локалните властите на Кан воведоа забрана за носење на костимот за капање буркини на плажите во реонот на овој град на југоистокот на Франција, познат по Канскиот филмски фестивал.1470972969-news-21-2-11

– Им се забранува пристап на плажите, како и капење на сите оние кои не носат вообичаен костим за капање, во согласност со обичаите и начелата на секуларноста и со почитувањето на хигиенските и безбедносните прописи, се вели во одлуката потпишана од градоначалникот на Кан, Давид Лиснард.

Буркини е костум за капење што го носат муслиманските жени, кои ја покрива главата, со исклучок на лицето, како и целото тело од вратот до глуждовите.

Според одлуката на канските локлани власти, костимите за капење кои „нападно ја покажуваат верската припадниост во услови кога Франција и местата за верски обреди се цел на терористички напади, би можеле да го згоолемат ризикот од нарушување на јавниот ред (расправии, теpачки и слично)“.

Првите слични забрани во општини во Франција, Холандија и на други места во Западна Европа, датираат од 2008 – 2009 година. Но тие влијаат претежно  за базени за јавна употреба./AFP