Рио 2016: Кошаркарите на Хрватска поуспешни од домаќинот Бразил

од Vladimir Zorba
98 прегледи

 

Кошаркарите на Хрватска ја постигнаа втората победа на Игрите во Рио откако во дуелот од 3. коло го победија домаќинот Бразил.ракомет

Со овој триумф Хрватска ги зголеми шансите за четвртфиналето, а Бразил во последните две кола ќе мора да „брка“ уште најмалку една победа.

Во дуелот на двете непоразени селекции до ова коло Литванија ја совлада Аргентина.

Резултати од 3. коло од Б групата: Бразил – Хрватска 76:80, Нигерија – Шпанија 87:96 и Литванија – Аргентина 81:73.

Табела: Литванија 6 бодови, Аргентина 5, Хрватска 5, Бразил 4, Шпанија 4, Нигерија 3.

На женскиот кошаркарски турнир се одиграа дуелите од 4. коло од А групата: Белорусија – Турција 71:74, Франција – Бразил 74:64 и Јапонија – Австралија 86:92.

Табела: Австралија 8 бодови, Франција 7, Јапонија 6, Турција 6, Белорусија 5, Бразил 4.