Научници од Вашингтон направија преврат во медицината: Добриот холестерол значи прерана смрт

од Vladimir Zorba
112 прегледи

1471014883-maz

Мрсните риби, овошјето и гравот воопшто не се така корисни, како што ги величат досега.

Прекумерното консумирање на воспеваните како корисни мрсни риби може да ве внесе во гробот, предупредуваат американски експерти, цитира “Дејли експрес”.

Мрсните риби, како лосос, скуша и сардина често ги пофалувале заедно со овошјето и гравот како култури кои се корисни за намалување на ризикот од мозочен удар и инфаркт, поради својството да го зголемуваат нивото на “добриот” холестерол во крвта.

Авторите на оваа студија од Вашингтонскиот универзитет сепак утврдиле дека и повисоките и пониските нивоа на липопротеини со висока густина (HDL), познат како “добар” холестерол, се поврзани со зголемен ризик од прерана смрт.

Истражувањето е објавено во изданието на Американското здружение за нефрологија. Откритието не ги изненадува. Досега се сметаше дека повисоките нивоа на “добриот” холестерол имаат поволно влијание. Нивната врска со зголемениот ризик од рана смрт е неочекувана и се уште не е целосно јасна.

Разјаснувањето бара понатамошни студии, вели Зијад ал-Али од истражувачкиот тим. Со години експертите го пофалиле “добриот” холестерол поради својство да помага во отстранувањето на на “лошиот” холестерол (LDL – липопротеин со ниска густина) од артериите.

За целите на оваа студија авторите ги анализирале податоци за бубрежните функции и нивоата на холестеролот на над 1,7 милиони мажи ветерани, забележани во текот на 10 години.

Специјалистите утврдиле дека како повисоките, така и на пониските нивоа на “добриот” холестерол биле поврзани со зголемен ризик од предвремена смрт меѓу учесниците во истражувањето, независно од степенот на бубрежните функции.