Француска диета која ги топи килограмите за 2 недели

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Французинките секогаш биле познати по својата софистицираност и добар изглед. Како и сите дами во светот, така и тие, во одреден период почитуваат режим на исхрана, кој им помага да изгледаат совршено. Денес споделуваме една француска диета, со која може да симнете до 8 кг за две недели.00c13dbdcf0439a90d8e44ca018a74ae
Времетраењето ѝ е само 14 дена, бидејќи режимот на исхрана е многу строг. Потрошувачката на јаглехидрати се минимизира, но за сметка на нив, зеленчукот и протеините ќе ви ја дадат потребната енергија.

Еве неколку совети кои ќе следат:
Салатите може да ги овкусувате со лимон и маслиново масло, пожелно е да не додавате сол, но ако не можете без неа, нека е сосема малку и да е хималајска.
Парче леб треба да се јаде.
Зеленчукот може да се готви на пареа или печен.
Подзасладувајте го кафето или чајот со малку мед.
Малите ужинки помеѓу оброците можат да се во форма на јаболко или чаша чај.
Пијте многу вода.
Снимете го и планот за исхрана.

Понеделник
Појадок: чаша кафе
Ручек: 2 тврдо варени јајца и чорба спанаќ, колку ви се јаде
Вечера: 200 грама печено говедско месо и салата од свеж зеленчук

Вторник
Појадок: чаша кафе или чај 2 парчиња интегрален леб
Ручек: 1 голем стек, зелена салата, 1 плод по избор без банана
Вечера: 100 г шунка или пилешко месо, 1 варено јајце, чаша свеж сок од домати
7ad6459913fe1ae02f000414f798b8d4
Среда
Појадок: чаша чај или кафе, 2 тоста со мало парче отсолено сирење
Ручек: 2 тврдо варени јајца, 2 домати или зелена салата, 200 грама боранија варена или чорба
Вечера: 150 г чисто месо варено или печено и зелена салата

Четврток
Појадок: чаша кафе или чај, и 2 парчиња интегрален леб
Ручек: варени, динстани или сурови моркови, колку ви се јаде и парче отсолено сирење, чаша свеж сок од домати
Вечера: Овошна салата (пригответе ја без банани и грозје) и јогурт

Петок
Појадок: чаша кафе или чај, чаша со изрендани моркови, зачинети со лимонов сок
Ручек: Парче риба приготвена на пареа или скара, салата од домати
Вечера: 1 стек и зелена салата

Сабота
Појадок: чаша чај или кафе 2 парчиња интегрален леб
Ручек: печено пилешко месо
Вечера: 2 тврдо варени јајца и моркови, кои може да се свежо изрендани и зачинети со лимонов сок или варени, динстани

Недела
Појадок: чаша чај или кафе
Ручек: варено говедско месо, овошје (околу 300 g), чаша чај
Вечера: јадете она што ви се сака, но сепак имајте мерка