Една од најрадикалните партии во Европа – Пиратската партија во Исланд, очекува силни резултати на претстојните парламентарни избори, пишува британскиот весник “Гардијан”. Пиратите се на чело на речиси сите анкети во последната година.Изборите на 29 октомври доаѓаат откако премиерот Сигмундур Гунлаугсон поднесе оставка во пролета. Досиејата од Панама упатија дека поседува милиони во офшор сметки и поради тоа тоа отпочнаа масовни протести меѓу 300 000 население на Исланд.

На изборите во 2013 година Пиратите добија 5% од гласови и 3 места во 63-члениот Парламент. Сега сепак тие очекуваат поголема поддршка – 28%. Според политиколозите, додека тогаш гласањето бил главно протестно, сличен на она за СИРИЗА во Грција и за “Подемос” во Шпанија, сега Пиратската партија има појасна програма и цели. “Полека сфаќаме што се случува”, коментира водачот Биргит Јонсдотир.
“Чудно е и е многу возбудливо, но сега сме добро подготвени. Стравот не треба да ја движи промената, туку храброста и надежта. Ние сме популарни, а не популисти”.
Директната демократија и можноста граѓаните да нудат законски промени, транспарентност на управувањето, азил за Едвард Сноуден. Ова се дел од барањата на Пиратската партија, која е сродна со остатокот од пиратски политичко движење, започнато во Шведска.
По нападот врз францускиот сатиричен магазин “Шарл Ебдо” тие почнаа кампања за укинување на законите за богохулење со образложение дека правото на изразување мора да биде неограничено право на изразување, додека не се нарушат правата на другите граѓани. Според Пиратите Исланд не смее да стане член на Европската унија, освен ако народот не одлучи за тоа со референдум, пренесе Стандард.