Секоја година се случува истото – купуваме неколку нови сенки или кармини, со кои го поминуваме буквално цело лето.
И додека се обложуваме главно на неколку бои, тајно се восхитуваме на останатите водечки трендови за сезоната.
Од оваа причина, ве потсетуваме дека модниот подиум извади неколку новини за кои е добро да се инвестира и да се пробаат, додека се уште има време.
Овде станува збор за козметички новиости, на кои ќе се обложувате во малкуто преостанато време од летото.
Еве кои се тие:
1. Цреша усни
Во ревиите за пролет-лето 2016 на Jason Wu, DKNY и Oscar De La Renta видовме различна шминка, која драстично се разликува од темните нијанси. Овде зборуваме поконкретно за усни како цреша, кои истовремено се погодни и за официјална службена средба, така и за излез со пријателки.
2. Син молив на очите
Друга боја, кој доминираше за сезоната пролет-лето 2016 е светло сина на очите. Без разлика дали ќе го ставите во внатрешниот дел на окото или ќе нагласите само на краевите, дефинитивно треба да ја пробате оваа храбра нијанса.
3. Триаголници на ноктите
Тука не станува збор за триаголно обликување на самите нокти, туку за нанесување на геометриската форма со лак. Тоа е новиот “француски маникир”, кој се става само на краевите и тоа со светли и заситени нијанси. Едноставно насочете го врвот кон раката, за да може поширокиот да ги покрие целите краеви.
4. Трикот на косата
Секое лето стилистите прикажуваат нови концепти за коса, кои ќе направат да изгледаме добро и да нè чуваат во лад. Оваа година класичната опашка и плетенки се заменети со завиткани еден во друг прамени.
5. Соларнитесенки
Козметичката индустрија сака да црпи инспирација од убивте изгрејсонце и зајдисонце, особено кога станува збор за шминката. Додека уште не е готово летото, задолжително испробајте сенки во златни нијанси на очниот капак и сјајни акценти во внатрешниот дел на окото.