Рио 2016: Бразил и Германија ќе се борат за фудбалското златото

од desk3
107 прегледи

Репрезентациите на Бразил и на Германија ќе се борат за златниот медал на фудбалскиот олимписки турнир во Рио.

Домашната селекција на Бразил иако лошо го започна турнирот сепак од натпревар во натпревар игра, а тоа го потврди синоќа во полуфиналето со победата над Хондурас од 6:0.

germany

Серијата на голови ја отвори и затвори Нејмар со погодоците во 1. и 90+1 минута од пенал. Два гола постигна и Габриел Жесус (26. и 35.минута), а во листата на стрелците се запишаа уште и Маркињос (51) и Луан (79).

Во другото полуфинале Германија ја совлада Нигерија со 2-0.

Бразил и Германија ќе играат во финалето, а Нигерија и Хондурас ќе се борат за третото место. /МИА