(ВИДЕО) Статуи на голиот Доналд Трамп осaмнаа низ цела Америка

од desk3
91 прегледи

Голи статуи на Доналд Трамп, претставувајќи го кандидатот за претседател во далеку не толку ласкаво светло, се појавија во голем број на големи американски градови благодарение група творци, пренесоа агенциите и Франс прес.

0000176888-middle

Статуите во природна големина, кои го претставуваат Трамп со голем стомак, кратки прсти и недостасуваат делови од гениталиите, беа откриени истовремено во Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Сиетл и Кливленд под назив “Царот нема топки”.

Во Њујорк статуата, подигната без дозвола од властите,ги изненади минувачите, привлекувајќи љубопитни погледи, насмевки и луѓето сакаа да направат слика со неа, пред брзо да биде демонтиран од градската управа.

Креативниот колектив “Индиклајн”, кој ги обединува уметници, музичари и филмски работници, призна за авторството .

https://youtu.be/-byP70COeg4

“Овие краткотрајни инсталации го претставуваат овој ефемерен кошмар и желбата ни е наесен да се погледне назад и да се смееме на неуспешното и самозаблудено искуство на Доналд Трамп да го добие претседателството”, забележуваат творците во соопштението.