Како лошите навики ни го менуваат животот

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Излегува дека лошите навики како нездравата исхрана, продолжената мрза, претерувањето со алкохолните пијалоци и страста кон никотин, можат да скратат до шест години од човечкиот живот.9f4d5b3eb58c498473294976c72e8bfd

Ова се резултатите од ново канадско истражување. Истражувачите од Универзитетот во Отава утврдиле дека пушењето, конзумирањето на штетни храна, недостаток на движење и прекумерната употреба на алкохолни пијалаци се одговорни за речиси половина од сите смртни случаи во Канада.

Научниците создале алгоритам, врз основа на кој пресметале дека предметните штетни навики можат да го скратат животот за до шест години.

“Нездравото однесување е главен товар за Канаѓаните. Оваа студија открива кои навики претставуваат најсериозна закана”, пишуваат авторите во списанието. “PLOS Medicine”.

Истражувањето покажува дека 26 проценти од сите смртни случаи се поврзани со пушењето, 24 проценти – со недоволна физичка активност, 12 проценти – со нездрава исхрана и 0,4 проценти – со прекумерна конзумација на алкохол.

За мажите најсериозен ризик фактор, кој го скратува животот за до 3 години, е пушењето.

За дамите недоволната физичка активност, исто така е еднаква на губење на околу три години живот.

Истражувачите утврдиле и дека за луѓето кои најстрого се придржуваат до здравствените препораки на експертите, должината на животот е за цели 17,9 години погдолг отколку за индивидуите со нездраво однесување.