Над 100 лица се повредени во масовна борба поради сапунска опера. Безредијата избија во Бангладеш поради популарниот серијал “Киранмала”.

Илјадници луѓе се собрале во градот Дол, да ја гледаат новатаепизода. Се скарале за заплетот и започнала борба со дрва и ножеви. Полицијата употребила солзавец и гумени куршуми за да ги растера стотиците тепачи. Серијата за прицеза Киранмала е многу популарна во Бангладеш. Минатата година две млади девојки извршија самоубиство откако нивните родители одбиле да им купат фустани како на принцезата во серијата.
https://youtu.be/9wN2xnJg3xo