(ВИДЕО) Новата манија Fat Yoga: Дебели, но еластични

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Јогата е еден од многуте физички активности, каде успесите не зависат толку од големината на човек. Така се појавува проектот Fat Yoga, создаден за да покаже дека и дебелите луѓе можат рамноправно со слабите да прават сложени движења и освен да тренираат, да станат и предавачи.cb6f38cc957010657b13b8914bca8d2f

“Ако мислите дека вашето тело не е создадено за јога, тогаш вие не сте во право. Станав професор дури на 40 години, без разлика на 20-годишното искуство во лична практика. Само порано си мислев дека тоа би било неправилно , заради моето тело “, вели Сара.

43-годишната бринета е од првите во Австралија, која ја открила јогата за полни луѓе.  До неодамна во нејзината татковина немаа слушнато за такво нешто. Сара се поврзала со колегите од САД, кои одамна практикуваат слични занаети. Таа си поставила за цел лесна задача – да го промени односот на луѓето кон славата која ја носат “дебел”.

Затоа решила да го крсти својот проект Fat Yoga (Јога за дебели) и така се обидува да се бори со непријатните карактеристики.

“Дури има некои мои ученици кои го сакаат името на групата. Најмногу им се допаѓа спокојството и односот кон овој збор”, објаснува Сара.

Претходно, кога таа самата почнала да практикува, ѝ викале дека јогата е создадена само за витки жени. Тие сочинуваат и голем дел од присутните на тренинзите. Но, во салата Сара продолжила да се чувствува удобно.

“Не ме возбудува дали сум дебела или не. Секој сам одредува за себе каков е”, објаснува жената. За оние кои го посетуваат часовите кај неа, таа објаснува дека е апсолутно безбедно да се практикува јога и од луѓе со повеќе килограми.

Сара планира да го развива проектот и да го направи достапен и за луѓе кои се наоѓаат во други градови. Засега таа сфаќа дека за таква желба е потребно време и трпение. Затоа пак во САД јогата е одамна достапна за дебелите луѓе.