Пораз на македонските кошаркари на првиот тест дуел со Словенија

од Vladimir Zorba
114 прегледи

 

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа во Марибор во натпревар затворен за јавноста, загуби од домаќинот Словенија со 84:68, во првата од двете планирани пријателски средби.Кошарка-618x463

„Црвено-жолтите“ вечер на истото место ќе одиграат уште еден натпревар против домашната репрезентација во рамките на подготовките за учество во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година.

Овој дуел меѓу репрезентациите на Словенија и Македонија ќе биде пренесуван директно на националната телевизија на Словенија.

Дуелите против Словенија се последните контролни средби за избраниците на селекторот Драган Раца пред првиот квалификациски натпревар на 31 август со Луксембург во Кавадарци.