Легендата на Аргентина и светскиот фудбал Диего Марадона упати ненадеен напад по суперѕвездата на земјата – Лионел Меси.

Во интервју за Radio La Red, Марадона изјави дека според него одбивањето на Меси на репрезентацијата било само за заблуда, за да заборават Аргентинците на неуспесите во три последователни финалето.
“Не знам, отстрана изгледа како одбивањето на Меси да беше малку трик за да заборавиме на трите загубени финалиња”, изјави Марадона. “Така избегна уште бран критики.”
Марадона додаде дека има договорено место во ФИФА, и се очекува да започне со работа на новата позиција во следната недела.