Новиот менаџер на Манчестер Сити Хосеп Гвардиола изјави дека е возбуден од фактот дека ќе се соочи со својот поранешен клуб Барселона. “Граѓаните” ќе ги измерат силите во Лигата на шампиони, бидејќи се ставени во една група.

“Овој натпревар ќе биде специјален за мене. Пораснав во Барселона, станав фудбалер таму. Поголемиот дел од мојот живот е поврзан со овој клуб. Познавам многу луѓе од клубот, медиумите, повеќето од играчите, знам каква е емоцијата”, изјави Гвардиола.
Тој се врати на “Камп Ноу”, кога беше на чело на Баерн (Минхен), но баварците загубија со вкупен резултат 3: 5 во полуфиналето во Лигата на шампионите во сезоната 2014/2015. “Првиот пат со Баерн беше одлично, сега е втор пат и затоа е нормално”, додаде Гвардиола.