(ВИДЕО) Човек во костум на „Зоро“ е задржан на аеродромот во ЛА по лажната тревога за пукотници

од desk3
163 прегледи

Човек облечен во костум на „Зоро“ е задржан по лажната тревога за пукотници на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, јави ДПА.

Се уште не е јасно дали задржаниот е поврзан со лажната тревога. Полицијата го натерала да легне на подот и го уапсила „Зоро“ откако тој мафтал со пластичен меч. Задржаниот е актер, кој требало да отпатува во Лас Вегас.

s-l1000

Претходно денеска се појавија непотврдени информации дека се слушнати истрели, што ги уплаши стотиците патници, кои побрзаа да ја напуштат зградата на аеродромот. Некои од нив излегоа и на пистата.

– Паниката избувна само поради силни звуци. Се проверува од што била причинета бучавата, изјави претходно Енди Нимен, портпарол на полицијата на Лос Анџелес.

Претходно, од безбедносни причини, полицијата затвори дел од аеродромот и го запре сообраќајот кон централниот терминал.

Откако стана јасно дека немало пукање, луѓето почнаа да се враќаат на аеродромот, штом тој почна однови да работи./МИА