Турција започна со бришење на достигнувањата на еден од најголемите фудбалери – Хакан Шукур. Турскиот фудбалски сојуз веќе ги укина од своите канцеларии и архивите сите слики и документи во кои се споменува името на бикот од Босфорот. Покрај тоа сувенирите и сликите на Шукур се извадени од базата на репрезентацијата во Истанбул.

До уште еден краен чекор дојде во градот Едрене. Во 2012 година во градот од европскиот дел на Турција беше направено посебна шеталиште со плочки, на кои се испишани имињата на најголемите фудбалери, кои го носеа дресот на четирите гиганти на земјата Галатасарај, Фенербахче, Бешикташ и Трабзонспор.
Минатата недела, сепак името на 44-годишниот Шукур беше извадено од патеката. Во својата кариера поранешниот напаѓач одигра 392 натпревари и постигна 228 гола во дресот на Галатасарај. Освен тоа има 112 средби и 51 погодоци за репрезентацијата. Тој е и рекордер по реализирани голови за Турција.

Акцијата со бришење на Хакан Шукур е по појавата на сомневања дека тој може да е вмешан во обидот за преврат во земјата на 15 јули. Дури има изададена наредба за апсење на легендарниот фудбалер. Неговиот татко Селмет Шукур веќе беше уапсен поради учество во неуспешниот државен удар против претседателот Реџеп Таип Ердоган.