Руски спортисти на чело со Исинбаева ја посетија воздухопловната база на Русија во Сирија

од desk3
111 прегледи

Група руски спортисти ја посетија руската воздушна база Хмејмим во Сирија, за да изразат поддршка за руските војници кои речиси една година нанесуваат воздушни напади на позиции на “Исламска држава” во поддршка на режимот на Башар Асад, пренесоа Франс прес и американските медиуми.

8336df7d786e0da48d3fdcaeac76cba0

Седум спортисти учествуваа во утринската физизчка подготовка на војниците, која беше предводена од двојната олимписка шампионка и носител на светскиот рекорд во скок со стап Елена Исинбаева.

Во групата беа мечувалецот Софија Великаја, Тимур Сафин, Артур Ахматхузин и Алексеј Черемисинов, кои освоија златни медали на Олимписките игри во Рио.
Исинбаева не учествуваше на Олимпијадата во Рио поради исклучувањето на сите руски атлетичари по откритието за државен систем за допинг во Русија. 34-годишната спортистка сепак отиде во Рио за учество во изборот на комисијата на спортистите на Меѓународниот олимписки комитет, чиј член стана на 22 август.