Пандев: Неопходно е заедништво, веруваме во подобри резултати

од desk3
94 прегледи

Со приклучувањето на капитенот Горан Пандев и голманот Столе Димитриевски македонската фудбалска репрезентација во комплетен состав денеска ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар против Албанија.

Најдобриот македонски фудбалер Пандев вели дека заедништвото, оптимизмот и одлучноста може да не водат кон подобри резултати во претстојниот квалификацискиот циклус за СП 2018.

Goran-Pandev

– Со нетрпение го очекуваме почетокот на новиот квалификациски циклус и натпреварот со Албанија. Наша цел ќе биде да го подобриме рејтингот на македонскиот фудбал и мислам дека сме подготвени да го направиме тоа во пресметките кои ни следуваат. Оптимизмот ни е потребен, заедништвото, одлучноста и квалитетот треба да не водат до успех. Групата е тешка, секој натпревар е посебен предизвик, но верувам во играчите и стручниот штаб. Мораме да се обидеме да направиме нешто значајно, вели Пандев.

Сите овие играчи во составот живеат за Македонија и тоа ќе го покажеме на терен. Ќе биде тежок натпревар, се е можно…можеби ќе победиме, можеби ќе загубиме, но ќе се бориме на вистински начин, додаде македонскиот капитен.

Македонија на 5 септември во Скадар ќе и гостува на Албанија во првото коло од Мундијалските квалификации./MИА