ОН: Забраната за буркини е глупав одговор на екстремизмот

од desk3
91 прегледи

Забраната за носење буркини во Франција е глупава реакција на екстремизмот и претставува тешко кршење на основните права и слободи. Ова го соопшти Канцеларијата на високиот комесар на Обединетите нации за човекови права (УНХЦР).

burkini

Портпаролот на УНХЦР, Руперт Колвил, изјави дека ОН сакаат локалните власти веднаш да ја укинат забраната, додевајќи дека на тој начин не ја зголемуваат безбедноста.

Колвил наведе дека таквите забрани се гориво за верска нетрпеливост и стигматизација на муслиманите и дека придонесуваат само за зголемување на тензиите.

Според неговите зборови, жените кои на плажите носат буркини или која било друга облека не можат да се обвинат за насилство.

Францускиот виш управен суд во петокот ја укина забраната за носење буркини на француските плажи по бранот критики откако полицијата им наредила на некои муслиманки да ги соблечат.

 

META