Гвардиола: Не ги гледам натпреварите на Јунајтед и Мурињо

од desk3
128 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити Хосеп Гвардиола не гледал ниту еден натпревар од ерата на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед. Двата тима се на чело во Премиер лигата во овој момент, а “граѓаните” се со подобра гол разлика. Со толку поени е и Челзи.

14725603672016-08-28t151419z-115398859-mt1aci14591827-rtrmadp-3-soccer-england-mci-whu

“Уште не сум гледал како игра Јунајтед, Борусија Менхенгладбах и другите наши идни ривали. На “Олд Трафорд” треба да одиграме фантастичен натпревар, за да победиме. Можам да ја замислам атмосферата. Со нетрпение го очекувам ова искуство. Се надевам дека играчите ќе ми се вратат без повреди по паузата за националните тимови, како и во добро расположение “, рече Гвардиола.

Првото дерби на Манчестер меѓу Сити и Јунајтед е на 10 септември на “Олд Трафорд”.