Натпреварот Вардар – Мешков Брест со кој беше отворена сезоната во регионалната ракометна СЕХА лига одигран синоќа во Скопје, заврши нерешено 34:34.
Вардар во последните десет минути од мечот имаше водство и иницијатива, и пропуштивме со победа да ја израдуваме публиката. Кога Лука Циндриќ погоди за водство 33-30 во 58. минута се чинеше дека трите бода остануваат во Скопје. Следуваа серија грешки на домашните ракометари и не реализирани напади, па гостите од Белорусија во последната минута го изедначија резултатот. Откако тренерот Раул Гонзалез побара тајм-аут се договори како ќе се игра во последниот напад. Лука Циндрич погоди на три секунди до крај за водство 34:33. Но, судиите покажаа пенал за Мешков, бидејќи Стојанче Стоилов направи прекршок на самиот центар спречувајќи гостите да изведат брз центар.
Растко Стојковиќ од пенал израмни за конечни 34:34 за освојување на бод.
Во тимот на Вардар најефикасен беше Тимур Дибиров со девет погодоци, Кај Мешков Растко Цветковиќ реализира шест пати.
Вториот македонски претставник во СЕХА, тимот на Металург, својот премиерен настап ќе го има на 3 септември, токму против Вардар.