Цел град во Ирак беше поплавен со нафта при повлекување терористичката група “Исламска држава”. Џихадистите ги запалија нафтените бунари во Кајара при повлекувањето од градот, покривајќи ја површина со отровен чад, пишува Ројтерс. Тоа сепак изгледа не беше доволно за ДАЕШ. Од групата ги отворија славините на блискиот нафтовод и буквално ги полавија улиците на Кахара со нафта.

При повлекувањето од териториите терористите од “Исламска држава” ја применуваат тактиката на “изгорена земја”.
Тие ги минираат зградите, ги уништуваат посевите и животните, убиваат и ограбуваат цивили.
Дури самата земја е изложена на терор. Повеќе од 4 милиони декари обработлива површини во Ирак станаа неупотреблива откако, при повлекувањето џихад групата ја затру со токсичен отпад, вклучувајќи и нафта.
Многу од нивите и пасиштата се минирани, како дел од заштитните линии на терористите.

Во напуштените од џихадисти териториии, далноводите се прекинати, а водоводите се урнати.
Откриените бунари од кои локалните луѓе пијат вода, им се заразени или затруени, како стандардна практика е фрлањето на убиени луѓе и животни во нив.
Пумпите за артериските бунари се ограбени или едноставно уништени, што ги остава земјоделците без егзистенција.
По “Исламска држава” не останува ништо, уништувањето е целосно и тоа без да има очигледна воена цел.
Сега жителите на Кајара се обидуваат да се справат со токсичната дамка на нафта, покривајќи ја со песок. Црн чад продолжува да се шири над запалените нафтени бунари.
Кајара се наоѓа само на 60 километри јужно од главната тврдина на “Исламска држава” во Ирак – Мосул, вториот по големина град во земјата, кој е под контрола на џихадистите од 2014 година.