(ВИДЕО) Груевски: ВМРО – ДПМНЕ ги прифаќа барањата на СДСМ

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Gruevski-liderska-3-860x680

Лидерот на ВМРо-ДПМНЕ Никола Груевски пред новинарите изјави дека за неговата партија ги прифатила сите барања на СДСМ, а тоа значи Санта Аргирова да биде уредник на информативната програма на МРТВ 100 дена пред избори
Исто така, според Груевски, се прифаќаат забелешките на СДСМ во однос на методологија за медиумско известување и ги оставаат СДСМ, ДУИ и ДПА да го изберат 5-тиот член на ад-хок телото за мониторинг на медиумите.

– Ни се потврди по кој знае кој пат дека СДСМ не сака вистинско решение во МРТВ, туку сакаат партиски уредник. СДСМ побара Санта Аргирова да биде главен уредник на јавниот сервис, која има јасно изразено политичко мислење, но ние прифативме за да нема уште една можност за одложување на изборите. Ги прифативме и промените кои ги предлагаат во методологијата за следеење на медиумите пред избори и ги оставивме СДСМ и албанските партии да се договорат за петтиот член во ад хок телото за надзор на медиумите во предизбониот преиод. Ние се залагаме да има избори на 11 декември и затоа одлучивме да прифатиме сè што ќе побараат за да не мoже да дојде до уште едно одложување – изјави Груевски.

Од преговарачкиот тим на ДПА брифираа дека ги оставиле ДУИ и СДСМ сами да одлучат кој ќе биде петтиот член во ад хок телото.

Доколку тоа биде разрешено може да се очекува вечерва да се соопшти датум кога би се одржале вонредните парламентарни избори./извори Мета видео а1он