Швајнштајгер ја заврши репрезентативната кариера

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Германскиот фудбалски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер го одигра последниот натпревар за својата земја. Тој синоќа во Менхенгладбах со многу емоции стави крај на репрезентативната кариера.bastijan-svajnstajger-angela-merkel-foto-profimedia-1422142351-610792

Швајнштајгер на мечот со Финска кој заврши 2:0 за Германија беше повлечен од игра во 68.минута. Тоа беа неговите последни минути во дресот на актуелниот светски шампион.

На церемонијата приредена од германскиот фудбалски сојуз, Швајнштајгер не можеше да ги задржи солзите.

Тој за Германија има одиграни 120 натпревари и постигнато 24 погодоци.