Ози Озборн смета дека Хитлер бил геј

од Vladimir Zorba
141 прегледи

 67-годишниот рок диносаурус Ози Озборн ја соопшти теоријата дека нацистичкиот лидер Афолф Хитлер бил прикриен хомосексуалец. Тој е убеден дека Германецот ја користел врската со Ева Браун за прикривање нa вистинските сексуални желби.2cb5c9b874a1c1ae0ad28dbb92b602df

“Секогаш сум сметал дека тој бил геј. Во тоа време да бидеш хомосексуалец било криминална манифестација и навредливо. Кога тој одел на одмор со Ева и престојувал во хотели, чистачите потоа проверувале  за дамки и никогаш не наоѓале такви. Нема како да имал секс со неа “, објасни пред RollingStone.com Озборн.

Малку порано оваа година историчарите Џонатан Мајо и Ема Крег ја пуштија книгата “Последниот ден на Хитлер: Минута по минута”, во која пак го споменуваат тоа дека имал големи проблеми на сексуален план и голем број на болести и “дефекти” во областа на гениталиите .

Ози не пропушти да го искоментира и овој аспект од гласините за Адолф.

” Никој нема да каже дека имал голем орган, бидејќи тогаш луѓето постојано ќе прашуваат:” Зошто го убивте? “, шеговито коментира тој.

Озборн откри дека е опседнат со темата за Втората Светска војна, бидејќи уште од мал ги сметал идеите на Хитлер за целосно луди.