Лука ди Монтеѕемоло: Шумахер реагира на лекувањето

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Легендарниот германски пилот во Формула 1, Михаел Шумахер се опоравува по тешката повреда на черепот-мозочна повреда, реагира на лекувањето и ќе оздрави, изјави поранешниот шеф на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло.

 

5013137На крајот на декември 2013 година, додека скијаше во францускиот центар Мерибел, Шуми падна и удри со  главата во камен. Тој доби тешка повреда, а потоа беше во кома половина година. Од септември 2014 година пилотот е во својата швајцарска вила лоцирана на брегот на Женевското Езеро. Оттогаш има многу малку и премногу оскудни информации за неговата здравствена состојба. “Многу се радувам што случнав  дека Михаел реагира на лекувањето. Јас знам, убеден сум дека благодарение на својата решеност, која ќе има клучно значење, тој ќе излезе од оваа многу сложена ситуација”, изјави Монтеѕемоло, цитиран од The Telegraph. Периодично во медиумите се појавуваат пораки дека седумкратниот светски шампион е на границата помеѓу животот и смртта. Во почетокот на јули 2016 година менаџерката Кем изјави дека терапијата продолжува, но ситуацијата е толку сложена, дека не треба да се откриваат детали.