Англискиот гигант Челзи не успеа да го привлече во последниот ден од летниот преоден рок дефанзивецот Езекиел Гарај, кој сакал да премине од Зенит во Валенсија заради убавата сопруга, тврди шпанското издание Super Deporte.

“Сините” од Лондон упатиле далеку подобра понуда од “лилјаците”, но аргентинскиот фудбалер сам ја избрал Примера пред Премиер лигата. Предлогот на Челзи беше 30 милиони евра, а на крајот Валенсија ги обезбеди правата на фудбалерот за 20 милиони евра и го привлече за заменик на германскиот репрезентативец Скадар Мустафи, кој помина во Арсенал за 41 милиони евра.

Во својата кариера Гарај играл за Расинг Сантандер и Реал (Мадрид), ја познава одлично шпанската елита. Жена му Тамара пак е родена во Шпанија и тоа дополнително е наклонило во корист на Валенсија.