
Најверојатно дупката се наполнила со вода при бомбардирањето на водоводот.
Сириски деца од Алепо си направиле импровизиран базен во кратер од фрлена бомба. Трогателните слики беа распространети од страна на организацијата “Алепо медиа центар”.
Најверојатно дупката се наполнила со вода при бомбардирањето на водовод. Момчињата ја дооформиле со камења и така добиле вистински минибазен.
Во вториот по големина град во земјата е во сила дводневен прекин на огнот за хуманитарни испораки и евакуација на повредените.
Во интервју за “Блумберг”, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва и Вашингтон се блиску до договор кои групи се исламистички и кои се на умерената опозиција.
При усогласувањето на позициите може да се постигне и договор за заеднички активности против “Исламска држава” и другите џихадстичките сили.