Ердоган отвора битка на неколку фронта. И е на пат да пропадне, пишува “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг”.

Само еден од овие удари би бил доволен за да разниша и една безбедна држава. Неуспешнот обид за државен удар, терор внатре во земјата, војна во соседството. Турција сепак војува на сите овие фронтови. И воопшто не е стабилна. Та нели уште пред 15 јули државните институции беа заслабнати. А искуството за преврат доведе до нивната понатамошна дестабилизација. Претседателот Ердоган нареди бран апсења и одржљ невидена чистка со што ја поткопани довербата во владеењето на правото во Турција.
Губење на доверба се одразува негативно и врз економијата. Под водство на Ердоган на сите овие фронтови Турција потфрла – и ја загрозува неуспех. Бидејќи државниот апарат треба да се соочи со невидено крвопролевање по разрешувањето на десетици илјади судии и обвинители, полицајци, наставници и државни чиновници.
Тој се соочува со многу поголеми предизвици во споредба со минатото. Институциите во кои работат овие луѓе се дискредитирани од неуспешниот обид за државен удар. Раководството во Анкара сепак верува дека може да ја гарантира нивната неспособност преку вонредната состојба. А тоа е меч со две острици. Можеби вонредната состојба ја стабилизира државноста, но од друга страна ги ограничува основните права на личноста. Опасности демнат и во економијата, која бележи бум од над десет години, и за која на Ердоган му се должи голем дел од високата популарност. Моментално водство во Анкара одржува скромен економски раст, а промовира мега проекти кои ниедна банка веќе не сака да ги финансира. Владата дава државни гаранции на приватните фирми, движејќи ги овие проекти. Гаранции кои висат како воденички камен на вратот на државната каса и можат да излезат скапо за државата. Кон сето тоа се додава и одливот на милиони туристи кои свтија грб на турските летувалишта.

Години Турција беше бастион на стабилноста и благосостојбата на кои соседните земји гледаа со восхит и завист. Таа можеше да остане стабилна земја, ако не беше обидот за државен удар организиран од армијата. Од создавањето на републиката, армијата е институцијата во која Турците имаат најголема доверба. Армијата го отелотворува единството на Турција и секогаш била со почит. Турската република е основана од генералите, а токму во армијата синовите на земјата добиваа можност за развој. Првите сенки врз имиџот на армијата паднаа во изминатата деценија, кога беа осудени многу офицери, кои наводно кроеле планови за удар. А со неуспешниот обид за државен удар на 15 јули армијата ја загуби својата репутација на институција која ја штити републиката. Отпуштањата на секој втор генерал и апсењата на мнозина дејствуваат деморализирачки. Уште полошо влијание покажува фактот дека се доведува во прашање нивниот професионализам. Ако навистина толку многу офицери и војници,кои го организирале превратот, се приврзаници на движењето Гулен, армијата би требало да признае дека внатрешните нејзини контролни механизми на функционираат.
Згора – и војната во Сирија
Години Турција не се обидела да се меша во соседната земја. А теророт во сопствените нејзините граници е токму резултат од таа интервенција. Турција ги затвора очите за злосторствата на “Исламска држава” и тоа само го пренесе теророт. А одбивањето на Анкара да го заштити курдскиот град Кобане од приврзаниците на калифатот даде поттик на протестите на Курдите во внатрешноста на земјата и на теророт на ПКК. И спиралата на насилството се откачи.
Што ќе се случи ако …?
Сега Турција и со воени средства се меша директно во Сирија. Колку и да е парадоксално, токму слабеење турска армија зема страна во сириската граѓанска војна. Тоа сигурно треба да ги убеди Турците дека армијата повторно е дорасната за задачи. А што ќе се случи ако турската армија не успее да се справи во северна Сирија? Што ќе се случи ако не се врати како победник дома? И ако војната се прошири уште повеќе брутално врз самата Турција? Што ќе се случи ако ирачките Курди, кои се сојузници на Анкара, дојдат на помош на своите браќа во Сирија, за да парираат на турската офанзива во курдските региони? Што ќе се случи ако сојузот меѓу Западот и Турција се разниша, бидејќи двете страни извршуваат различни цели во Сирија?

Ризиците од оваа војна на многу фронтови, сепак не ја намалуваат популарноста на Ердоган меѓу неговите сонародници. Токму напротив. Турската демократија на Ердоган се крепи врз поширокиот фундамент на “народната волја”. Овој тип на демократија има потреба не од стабилни институции, туку од силен лидер. Доминацијата на Ердоган е легитимирана преку избори. Тоа сепак е апсолутистичка и либерална, тоа не се базира на западните демократски вредности. И Ердоган презема голем ризик кога војува на толку многу фронтови истовремено. Веројатно дури преголем ризик.
Frankfurter Allgemeine Zeitung