Во 2000 година Гери Маккинин е обичен систем администратор во Шкотска, без да создава проблеми на властите. Откако ја чита книгата “Прирачник за хакери”, во главата почнуваат да му се вртат идеи и планови за нешто посебно.
Тој признава дека уште пред тоа имал интереси во областа на уфологијата – се интересирај за се што е поврзано со НЛО.

Пред 16 години тој го чита интервјуто на поранешната вработена на НАСА- Дона Хир дека во вселенскиот центар “Џонсон” се чуваат сурови, необработени слики на НЛО, кои потоа се обработуваат од специјалисти, за да бидат отстранети невообичаените објекти снимени на нив, пред снимките да бидат објавени официјално.
Оваа информација и софтверските вештини на Маккинин го водат до еден од најголемите хакерски продори во системот на НАСА и на Пентагон, а неговото име станува познато по неговото апсење во 2002 година.
Од февруари 2001 до март 2002 година, тој успева да навлезе во 97 компјутери на НАСА и на војската.
Тогаш тој е откриен, токму при обид да украде необработена слика на НЛО од сервер на НАСА и малку подоцна е уапсен и испрашуван.
UFO Hacker Gary McKinnon in New Interview, Videos https://t.co/P6c8a9fz00 pic.twitter.com/jAGimWBpKL
— Alton Parrish (@nanopatents) August 22, 2016
САД бараат од Велика Британија да го екстрадираат, за да биде осуден на 70 години затвор и парична казна во износ до 2 милиони долари. Тоа така и не се случува. По долга судска сага, Велика Британија конечно одбива да го екстрадира во САД. Според некои тоа се должи на фактот дека Гери открил доверливи информации, кои била користена како адут.
Потоа Маккинан дава десетици интервјуа за различни медиуми, во кои отворено вели дека го поминал тоа време во пронаоѓање на докази за вонземски вселенски бродови и напредни енергетски технологии,
кои американската влада ги крие од јавноста.
На крајот, тој успеал да открие такви докази во серверите на НАСА и Пентагон.
Така налетал на таен проект наречен “Проект откритие” (The Disclosure Project). Во документите кон него, Маккинин видел извештај со над 400 стручни анализи за НЛО. Информацијата била собирана од различни извори – од граѓански воздушни контролни органи, радари на воени оператори, до високи функционери одговорни за истрелување на ракети.
Хакерот тврди дека напредна технологија дури била земана од уништени или отфрлени вселенски бродови на вонземјани.
Hacker Gary McKinnon about NASAs UFOs and … – https://t.co/21ywOO6IZh #Alien #CrackingTheCodeDocumentary pic.twitter.com/QFymAD7I5v
— F e a r T u b e (@TubeFear) August 4, 2016
За време на неговото апсење пак Гери тврди дека требало да ја симне сликата која е кулминација на неговите напори во потрага по вистината за вонземјански живот. На неа се гледа многу јасно сребрена пуротркалезенн објект со испакнатини од двете страни, слични на куполи. Бил целосно мазен и украсен.
Маккинан открива и датотека која содржи листа на вонземни вработени, додека ја опрегледувал базата на податоци на морнарицата на САД. Овие вработени имале титули и имиња, но не се содржат во јавните досиеја на Пентагон.
Маккинин всушност открил доверливи информации и докази за постоењето на тајна вселенска база на САД и имињата на луѓето кои вршат тајни вселенски мисии.
Според него, владата на САД и НАСА не ја објавиле оваа информација, бидејќи сметаат дека јавноста нема да може да се справи со неа.