(ФОТО/ВИДЕО) НЛО ли ја уништи ракетата носач “Фалкон 9” на компанијата “Спејс Екс”?

од desk3
90 прегледи

Ракетата “Фалкон 9” на приватната компанија “Спејс Екс”, основана од Илона Муск, експлодира пред неколку дена при испитување на лансирната рампа. Сателит на социјалната мрежа Facebook исто така е уништен во експлозијата на ракетата носач “Фалкон 9” на космодромот “Кејп Канаверал” во Флорида.

1473030825-alien11

Од приватната компанија “Спејс Екс”, основана од Илона Муск, ја истакнуваат како причина “аномалија” во лансирната рампа. Според некои љубители на заговор, сепак, инцидентот е предизвикан од вонземјани кои ја саботирале мисијата. По експлозијата во YouTube беа објавени повеќе видеа кои покажуваат мистериозна аномалија што минува над “Фалкон 9” пред, за време и по огнениот инцидент, информира “Дејли експрес”.

На кадрите може да се види летечки црн објект над ракетата. Повеќето од заговори за НЛО цврсто веруваат дека експлозијата на ракетата не била механичка грешка, туку напад од друг свет. Според нив вонземјаните се обидуваат да стават крај на војните и трката во вооружување.

Според други причината е многу тривијална и објектот всушност бил птица.

Изданието Rainbow24 и очевидци пак тврдат дека пред истрелувањето на ракетата на небото се појавиле чудни светла.