Необични навики на некои од најголемите мислители

од desk3
103 прегледи

Национална географија – Вашингтон

Дали можете да претпоставите како вашиот ден би изгледал ако го проживеете во кожата на тие чии имиња и дела ја одбележија досегашната историја?

Денот би ви почнал со рано будење во соба без ролетни или завеси, потоа голи би седеле цел час со филџан силно кафе во рацете или со опиум и пециво. Потоа би се посветиле на читање, пишување, сликање, моделирање или нешто друго по што сте познати. Потоа би сте се послужиле со мартини за време на ручекот, а потоа би следела долга прошетка и работа од три часа.

images

Ернест Хемингвеј и Марсел Пруст имале обичај да се будат многу рано.
Бетовен пиел десет филџани кафе дневно, а Бенџамин Френклин сакал да стои пред отворен прозорец. Сер Виндон Содон Причет буквално ручал мартини. Франц Кафка се жалел на рутинската работа и немал време како Гистав Флобер да ужива во долго капење и целото свое време да го посвети на пишување и на амфитамини како Вистан Хју Оден.

Сите анализи на животот и дневните ритуали на големите мислители, или креативни луѓе покажуваат дека не постојат правила, дека секој имал свој начин на работа, но и дека не може да се оспори дека многумина од нив имале по некоја ексцентрична навика или обичај.

Сопругата на Фројд секое утро му ставала паста за заби на четкичката, со цел големиот психијатар да не губи време. Композиторот Чајковски секој ден шетал точно два часа, ни минута повеќе, ни минута помалку. Ако случајно би го надминал планираното време, бил сигурен дека го чека некоја несреќа.

Емануел Кант секој ден точно во 15:30 часот одел на прошетка. Гистав Флобер станувал точно во 10 часот и потоа не појадувал, ниту шетал. Имал навика да тропа по таванот да ја викне мајка му со која сакал да разговара. Патриша Хајсмит секој ден јадела сланина и пржени јајца, а имала необично хоби – собирала полжави.

Големиот филозоф Кјеркегор со кафе полевал полн филџан со шеќер, додека Оноре де Балзак и Бетовен дневно пиеле многу кафиња. Вилијам Самерсет Мом при пишување морал пред себе да гледа само бел ѕид, бидејќи поинаку не можел да се концентрира. Од друга страна, композиторот Мортон Фелдман компонирал каде и да се најде и не му бил неопходен работен простор.

Џејн Остин пишувала во дневната соба покрај мајка и која главно шиела. Кога би се нашла во гужва, пишувала на салфетки и искинати хартии кои лесно можеле да се сокријат. Агата Кристи се жалела на проблем со новинарите кои инсистирале да ја фотографираат на работна маса, бидејќи немала работна маса.

Силвија Плат дури откако се развела нашла решение за својата работа, така што пиела седативи за да заспие и се будела во 5 наутро за да пишува додека нејзините две деца не се разбудат, што бил нејзин најпродуктивен период. Ингмар Бергман не пиел лекови, ниту алкохол, но бил многу дисциплиниран во своите дневни ритуали. Секој ден за ручек јадел исто – кисело млеко и џем од јагоди со пченкарни снегулки.
Како најчудна од сите навики, се издвојува навиката на германскиот поет, филозоф и драматург Фридрих Шилер кој можел добро да пишува само ако околу него се ширел мирис на скапани јаболки./MИА