Астероидот, лоциран меѓу орбитите на Марс и Јупитер беше крстен со името на Фреди Меркјури.
Астероидот, лоциран меѓу орбитите на Марс и Јупитер беше крстен на името на легендарниот вокалист на “Квин” Фреди Меркјури. Соопштението доаѓа во денот на роденденот на пејачот, кој денеска требаше да наполни 70 години. “Со радост соопштувам дека Центарот за мали планети на астероидот 17473, откриен во 1991 година (годината на смртта на пејачот – бел. ред.), му го даде името Фреди”, соопшти гитаристот на “Квин” Брајан Меј.
Небесното тело се наоѓа во главниот астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер и има должина од околу 3,2 километри. Астероидот може да биде забележан од Земјата со телескоп. Според Џоел Паркер од Југозападниот истражувачки институт на САД новото име веќе е одобрено од Меѓународниот астрономски сојуз и небесното тело веќе официјално се нарекува “17473 Freddiemercury”. / ТАСС