Ердоган “нека тресе колку сака на телевизија”- Германија ќе инвестира од 58 мил. евра во воената база “Иџжирлик”

од desk3
84 прегледи

Германското Министерство за одбрана одобрило инвестиција од 58 милиони евра во воздухопловната база “Инџирлик” во Турција, каде германските војници даваат поддршка на предводена од САД операција за воздушни напади против “Исламска држава”. Ова го соопшти германското списание “Шпигел”, цитирано од ДПА.

Министерството ја прекинало привремено инвестицијата потребна за изградба на нов аеродром, команден пункт и интернат за војниците, во врска со дипломатски скандал предизвикан од одлуката на турската влада да воведе забрана на германски пратеници да посетат основа.

2111142904

Списание “Шпигел” пишува дека инвестицијата била одобрена по знаци дека проблемот ќе биде решен во најскоро време.

Канцеларката Ангела Меркел рече на крајот на минатата недела дека очекува “позитивни вести” по прашањето, по состанокот со претседателот Реџеп Таип Ердоган во рамките на самитот на Г-20 во Кина. Ердпган во изминатиот период континуирано изјавуваше дека зад пучот стојат западните земји, апсеше и во самата база Инџирлик, а истата ја понуди и на Русија.

Заладените односи меѓу Германија и Турција се влошија во мај, кога Бундестагот усвои резолуција која го признава за геноцид масовното убиство на Ерменците во Отоманската империја во 1915 година

Според Ерменија во периодот 1915-1917 година биле убиени 1,5 милиони Ерменци во Отоманската империја. Турција тврди дека станува збор за граѓанска војна во која загинале меѓу 300 000 и 500 000 Ерменци и уште толку Турци во момент кога османлиските сили и Русија имаат спорна контрола над Анадолија. Анкара категорично ја отфрла тезата за геноцид.

Во петокот германската влада истакна дека резолуцијата на Бундестагот не е правно обврзувачка. Оваа изјава беше интерпретирано од некои како попуст пред Турција, во обид за постигнување на укинување на забраната за посети на германски пратеници во базата “Инџирлик”.