Еден од најстрашните убијци во Јужна Америка со порака до Уругвајски репрезентативци

од desk3
89 прегледи

Напаѓачите на репрезентацијата на Уругвај Луис Суарез и Единсон Кавани добија неочекувана порака од еден од најстрашните луѓе во Јужна Америка.

Џон Хајро Веласкез, познат како Попај, убил своерачно околу 300 лица и ја порачал смртта на илјадници други, додека работел за познатиот колумбиски кокаинов барон Пабло Ескобар. Тој објави специјална порака на “Твитер” кон уругвајскиот национален тим, а особено кон Суарез и Кавани.

1473161255popay

“Сакам да испратам многу голем поздрав кон уругвајската репрезентација и шампионите Луис Суарез и Единсон Кавани. Ја имате целата моја љубов и почит. Вие се пример за вашиот народ, гордост на своите сонародници. Од Меделин (Колумбија) јас ви честитам дека сте големи војни. ве прегрнувам”, објави Веласкез во специјално видео на” Твитер “.

Џон Хајро Веласкез лежи 22 години во затвор, а потоа беше помилуван. Во последно време тој се занимава со сопствен видео канал на “You Tube” и има над 166 000 следбеници.